24фудбал

Имобиле: Неапол е градот каде сум роден, секогаш ќе го сакам, но во Лацио ќе останам засекогаш

Имобиле ја покори Европа, стана најдобриот стрелец на стариот континент за изминатата сезона откако го изедначи рекордот на Игуаин со 36 голови во една сезона од Серија А.

Италија

Тој не планира да замине од Лацио, наскоро ќе потпише нов договор со трајност до 2025 година.

Иако е роден таму тој никогаш не заигра за Наполи, а тоа и нема да се случи иако имал неколку пати преговори со Наполитанците.

„Сакам да продолжам со Лацио до крај. Наскоро ќе потпишам нов договор кој ќе истекува во 2025 година кога ќе наполнам 35 години“, вели Имобиле.

„Пред да дојдам во Лацио, често имав контакт со Наполи, но од една причина или од друга никогаш не се договоривме“.

„Неапол е градот каде што сум роден, секогаш сум го следел Наполи со големи симпатии, но тоа што ми го даде Лацио нема цена“.