24фудбал

Почина тренерот со кој Црвена звезда стана светски шампион

На 86 години од животот почина легендарниот тренер Владимир Владица Поповиќ со кој Црвена звезда се искачи на кровот на светот заедно со нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Останато

Црвена звезда утрово пренесе тажна вест, почина легендарниот Владимир Владица Поповиќ.

„Фудбалскиот клуб Црвена звезда со големо жалење и соопштува на јавноста дека синоќа во 86. година од животот не напушти легендарниот играч и тренер Владимир Владица Поповиќ“.

„Човекот кој на Звезда и ја донесе титулата светски шампион. Ја качи на кровот на светот тој 8 декември 1991 година. Човекот кој е симбол на успехот на Звезда, играчот кој е петти на листата по број на одиграни натпревари во црвено-белиот дрес, тренерот чие име и презиме секогаш се изговараат со почит“, се вели во дел од соопштението на клубот.

Тоа е тренерот со кој Дарко Панчев и Илија Најдовски станаа светски шампиони во Токио по победата над Коло Коло од Чиле со 3-0.