24фудбал

Шахтар со покер против Базел закажа дуел со Интер, Севиља спречи петти дуел помеѓу Волвс и Јунајтед (ВИДЕО)

Шахтар се пласираше во полуфинале од Лига Европа откако со 4-1 славеше против Базел, Севиља се најде помеѓу четирите најдобри откако во финишот од мечот го совлада Вулверхемптон со 1-0.

Лига Европа

Познати се паровите од полуфиналето во Лига Европа, Интер ќе се сретне со Шахтар а Манчестер јунајтед ќе игра против Севиља.

Вечерва, „рударите“ со убедливи 4-1 триумфираа над Базел. Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, по еден корнер, Мораеш погоди за 1-0. 

Дваесет минути подоцна, Таисон донесе 2-0. Бразилецот шутна од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден дефанзивец на Базел и заврши во мрежата.

Клубот од Швајцарија во продолжението од мечот се отвори, нападна, па тоа остави простор за брзите играчи на Шахтар. Таисон во 75. минута изнуди пенал кој Алан Патрик го реализираше за 3-0 а во финишот од мечот, Додо реализираше за 4-0. Во судиското надополнување, Ван Волфсвинкел постигнал почесен гол за Базел за конечни 4-1.