24фудбал

Еве зошто е ноќна мора за дефанзивците, спринтот на Траоре по кој беше направен пенал за Вулверхемптон (ВИДЕО)

Адама Траоре е ноќна мора за ривалите со својата брзина и експлозивност а тоа на дело го покажа и вечерва, Шпанецот имаше спринт од својата половина, му немаше рамен во таборот на Севиља, па мораше да биде запрен со пенал.

Лига Европа

Фудбалерот на Вулверхемптон не само што има неверојатна физиономија, располага со голема брзина и експлозивност па прави извонредни продори и ретко кој од дефанзивците може да излезе на крај со него.

Не случјано најголемите клубови ширум Европа го сакаат во своите редови, вечерва тој одново покажа дека е ноќна мора за дефанзивците.

Во 11. минута од мечот против Севиља во четвртфиналето од Лига Европа, Адама Траоре доби топка на својата половина, тргна во спринт, му немаше рамен во таборот на „андалузијците“ па мораше да биде запрен со прекршок, кој во овој случај значеше и пенал.