24фудбал

Најдовски го замени Вардар со албанскиот првак Тирана

27 годишниот Најдовски повторно ќе му биде соиграч на Кристијан Тошевски кој претходно потпиша со албанскиот првак по трансферот од редовите на „Црвено-црните“ каде постои голем егзодус поради хаосот во самиот клуб.

Македонија

Филип Најдовски си замина од составот на Вардар, па тргна по стапките на својот старо-нов соиграч Тошевски, откако стави потпис на договор со албанскиот првак Тирана, за што потврдија и од клубот.

Најдовски одигра 20 меча за Вардар претходната сезона, на кои постигна и еден погодок, за него, Тирана ќе биде прво интернационално искуство во кариерата, откако претходно настапуваше за Победа, Тетекс, Напредок, одкосно Цементарница.

 

Фото-вест: https:kftirana.al