24фудбал

Вака ретко кој кажува збогум: Во Ваљадолид дознав што е тоа ладно, а и дека има машина што ти ги мие чиниите!

21 годишниот Мохамед Салису се збогуваше со Ваљадолид откако беше продаден на Саутемптон, фудбалерот од Гана состави интересно писмо за да се заблагодари и да се раздели со „бело-розевите“.

Шпанија

Централниот дефанзивец имаше сосема солидна сезона па го привлече вниманието на неколку клубови. Битката на крајот ја доби Саутемптон, „светците“ платија 12 мииони евра за Мохамед Салису и ја победија конкуренцијата.

Откако го комплетираше трансферот на „островото“, Мохамед Салису се збогуваше со Ваљадолид, фудбалерот од Гана состави интересно писмо со кое се заблагодари до сите.

„Во мјојата земја, Гана има една изрека, „никој со две нозе не проверува колку е длабока реката“. Не знам дали е така поради стравот дека реката е многу длабока и можете да се удавите, но јас никогаш не сум размислувал така, никогаш не сум мислел што лошо може да ми се случи ако направам одреден чекор“ – пишува 21 годишниот фудбалер.

„Фудбалот ми е се и единствен начин да го подобрам мојот живот и животот на моето семејство. Поради таа причина, се качив на секој воз што помина и мислам само на тоа како тој ќе ме однесе поблиску до исполнување на соништата. Во октомври 2017, еден од тие возови ме донесе во Ваљадолид. Нов јазик, нова култура, дури и нова клима. Тука дознав што е тоа ладно!“

„Од тој ден па наваму, се се случуваше многу брзо. Хувенил А, Промeсaс и пристигна возот за првиот тим. За кратко време, од играње по ораници до тренинг и играње фудбал со оние кои ги гледав само на телевизија. Адаптацијата не беше лесна, особено за младо момче кое само што откри дека постои „машина“ во кујната која ви ги мие чиниите!“

„Го пишувам ова писмо за да се заблагодарам на сите оние кои ми даваа константна поддршка од првиот ден. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, на сите тренери и на сите луѓе со кои работев. Посебно сакам да му се заблагодарам на претседателот Роналдо, за мене беше остварување на сонот да играм за некој кој е легенда во фудбалот. Сакам да им се се заблагодарам и на фановите, кои ме поддржуваа и охрабруваа. Благодарност и до агентот и академијата од Африка која ми укажа можност да дојдам во Европа“.

„Сега пристигна нов воз кој ќе ме однесе поблиску до остварување на соништата, да играм во Премиерлигата. Нашите патишта се разделуваат, но се надевам дека еден ден повторно ќе се сретнеме“.

„Ви благодарам многу“.