24фудбал

По чудесниот пресврт над Аталанта, првиот човек на ПСЖ порача: Нејмар и Мбапе никогаш нема да заминат!

По пласманот во полуфинале од Лигата на шампиони, претседателот на „светците“, Насер Ал Келаифи ја прокоментира иднината на Нејмар и Килијан Мбапе и порача дека двајцата остануваат во Париз.

Франција

За прв пат по сезоната 1994/95, ПСЖ ќе игра полуфинале во Лигата на шампиони откако синоќа избраниците на Томас Тухел во драматична завршница, со два гола во финишот од мечот направија чудесен пресврт и со 1-2 славеа против Аталанта.

По последниот свиреж, Насер Ал Келаифи раговараше со медиумите и ја прокоментира иднината на Нејмар и Килијан Мбапе, за кои често се пишува дека ќе заминат.

Првиот човек на „светците“ порача дека Бразилецот и Французинот остануваат во Париз, односно никогаш нема да заминат.

„Мбапе и Нејмар се помеѓу најдобрите играчи во светот, сигурно се во топ 5, можеби и во топ 3. Нејмар беше играч на натпреварот, имаше одлична партија. Забележавме големи промени кај него во последните три месеци. Нејмар и Мбапе остануваат, никогаш нема да заминат“ – вели Насер Ал Келаифи.

„Сите велеа дека ПСЖ не е подготвен за Лигата на шампиони, но ние покажавме одличен менталитет. Нашите цели се високи, но не мислиме на финале, во фокусот ни е само полуфиналето и следниот меч“.

„Ова е специјален ден, горд сум на играчите и персоналот. Не беше лесно поради суспензијата на првенството“.