24фудбал

Бергамо ги пречека фудбалерите на Аталанта како да ја освоиле ЛШ (ВИДЕО)

И покрај тоа што беа елиминирани од ПСЖ во вчерашното четвртфинале, фудбалерите на Аталанта ги освоија срцата на многумина, пред се на нивните фанови од Бергамо.

Италија

Аталанта одигра одлична сезона, а беше на добар пат да се пласира и во полуфиналето од Лигата на шампионите, имаше водство од 1-0 се до 90 минута од мечот со ПСЖ, но во последните моменти прими два гола и загуби.

И покрај поразот, оваа сезона остави силен впечаток кај фановите на Аталанта кои знаеа како да ги пречекаат своите миленици.