24фудбал

Пике: Ова е срамота, го допревме дното... потребна е смена од раководство, па до играчи и тренер

Жерард Пике го прокоментира историскиот пораз од Баерн Минхен, вели дека се потребни промени на секое поле, од раководство па до играч и тренер и се понуди прв да замине.

Лига на Шампиони

Барселона претрпе исторски пораз откако вечерва загуби со 2-8 од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Веројатно на сите им е јасно дека на „каталонците“ им требаат големи промени, а тоа го порача и Жерард Пике.

„Ова е срамота, го допревме дното. Катастрофален натпревар. Не може да играме вака, особено не во Лигата на шампиони. Не е прв пат, втор пат или трет пат да ни се случува ова. Се надевам дека ќе научиме нешто. Потребни се промени, и не зборувам само за тренерот или играчите, потребно се промени од врвот... потребна е смена од раководството, па до играчите и тренерот. Еве јас прв се нудам да заминам доколку дојде свежа крв“ – изјави дефанзивецот.

„Не знам дали ова е крај на еден циклус, едноставно го допревме дното и мора да има промени на сите позиции, не само на играчкиот кадар“.