24фудбал

Слаломот на Алфонсо низ пола тим на Барса кој вреди да се види повеќе пати! (ВИДЕО)

Левиот бек на Баерн Минхен синоќа имаше неверојатен блесок, помина пет играчи на Барселона и асистираше до Кимих за погодок на Барса. За неговиот слалом уште долго ќе се зборува.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен синоќа и приреди неверојатно понижување на Барселона победувајќи ја со 8-2. А еден од највпечатливите играчи на теренот беше Алфонсо Дејвис.

Во 63. минута тој го помина половина тим на Барселона, почна од Меси, Видал, следуваше Самедо, па Пике и Ленгле по што ја додаде топката до Кимих кој постигна гол.