24фудбал

Конте го испофали Шахтар: Им симнувам капа...

Италијанскиот фудбалски стратег не крие дека има огромна почит за украинскиот клуб кој низ годините наназад многу прогресираше, а вечерва (22,00 ч.) имаат можност да се пласираат во големото финале од Лига Европа.

Лига Европа

Севиља обезбеди место во големото финале од Лига Европа откако синоќа со победата од 2-1 го елиминираше Манчестер јунајтед, вечерва се затвора полуфиналната фаза со дуелот помеѓу Интер и Шахтар.

Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте во пресрет на дуелот го испофали противникот, кој инаку секогаш е фаворит од сенка, за што потврди и низ годините наназад, особено што на Италијанецот му се допаѓа кај овој клуб е фактот што константно пронаоѓа големи таленти на фудбалскиот пазар, па вели дека им симнува капа.

Шахтар е тим исполнет со многу талент во себе, тоа веќе го докажаа низ годините наназад, менуваа тренери, но и фудбалери, но секогаш се реконструираат на едно мошне високо ниво“ вели италијанскиот фудбалски стратег од клупата на „Нероаѕурите“.

Добро паметам во периодот кога бев тренер на Јувентус кога имав натпревар против Шахтар во Лигата на шампионите, заедно ги елиминиравме Челси, кои беа бранители на трофејот, тој период тие имаа фудбалери кои не беа се уште толку познати, и тоа Мхитарјан, Срна, Пјатов, Вилијан...“ се потсетува Конте на сезоната 2012/13 кога Јувентус и Шахтар продолжија во нокаут фазата, а Челси извиси во таа група каде беше уште и Нордсјеланд.

Им симнувам капа на Шахтар и нивните директори кои покажаа толкава способност за константно да пронаоѓаат големи таленти на фудбалскиот пазар, тоа е умешност, сметам дека Шахтар си има сопствена сила во играта, постојат одредени периоди на пресинг со игра нешто поназад, се обидуваат вешто да искористат контра напади, имаат свој добро препознатлив стил на игра и идентитет“ заклучи Конте.