24фудбал

Конте: Интер направи Шахтар да изгледа како просечен тим

Антонио Конте вели дека Шахтар не е слаб колку што изгледаше против Интер, туку неговите фудбалери одиграле одлично и го неутрализирале противникот.

Лига Европа

Победата од 5-0 на Интер над Шахтар е најголема во едно полуфинале од 1988-89 кога Милан со истиот резултат го победи Реал Мадрид во Европскиот Куп.

„Мислам дека до финалето дојдовме играјќи против тим кој направивме да изгледа помалку силно отколку што е, но Шахтар има многу талент, а ние го спречивме играјќи пресинг по целиот терен“, вели Конте.

„Тие имаат многу квалитет во нивниот пресинг, и брзина, но ние направивме тие да треба да се бранат, а знаеме дека не им е комфорно кога ние ја имаме топката“.

„Игравме мотивирано, имавме вистински план и фудбалерите ги заслужуваат сите честитки. Тоа беше супер перформанси, направивме Шахтар да изгледа просечно“.

„Сега треба да одмориме, да се рекуперираме, а фановите да уживаат, мислам дека тие ќе бидат горди на овие момци бидејќи фудбалерите го даваат срцето и душата на теренот“.