24фудбал

Лил постигнал договор за Габриел и со Арсенал и со Наполи, фудбалерот ќе одлучи за кој ќе потпише

Претседателот на Лил, Жерар Лопез отркива дека тие имаат ист договор и со Наполи и со Арсенал за Габриел, па фудбалерот треба да одбере за кој ќе потппише.

Франција

Дефанзивецот на Лил, Габриел е во дилема каде да ја продолжи кариерата, неговиот клуб ги прифати понудите од Арсенал и Наполи, па сега на него е да си ја одбере следната дестинација.

„Интересот и на Арсенал и на Наполи е голем за него. Понудите се прифатливи за нас. Мислам дека денеска или утре тој ќе одлучи каде ќе оди. Ние му кажавме каде мислиме дека треба да оди, но негово е да одлучи“, вели директорот Лопез.