24фудбал

Фудбалерите на ПСЖ ќе поделат убав бонус за триумф во Лигата на шампиони и за ова треба да му се заблагодарат на Ибрахимовиќ

Триумф во Лигата на шампионите ќе им донесе убава премија на фудбалерите на ПСЖ, секој играч ќе добие по 500.000 евра а за ова најзаслужен е Златан Ибрахимовиќ.

Лига на Шампиони

„Светците“ за прв пат ќе се борат за трофејот од Лигата на шампиони откако со 3-0 го совладаа РБ Лајпциг и се пласираа во финалето, каде за противник го имаат Баерн Минхен.

Доколку во недела го совладаат шампионот на Германија, фудбалерите ќе поделат убав бонус за триумф во најелитното европско натпреварување.

Медиумите од Франција пишуваат дека секој играч ќе добие по 500.000 евра, а за ова најзаслужен е Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот пред седум години седнал да разговара со претседателот Насер Ал Келаифи и ги договорил високите премии.

Фудбалерите на ПСЖ за оваа сезона веќе имаа освоено бонус од 500.000 евра за триумфите во Лига 1, Купот на Франција и Лига Купот.