24фудбал

Се зголемува интересот за Габриел, може и Арсенал, и Наполи да останат со празни раце!

Наполи и Арсенал водеа израмнета трка за услугите на дефанзивецот на Лил, Габриел, но последните информации пишуваат дека сега интерес има и од Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Франција

Претседателот на Лил потврди дека Арсенал и Наполи имаат доставено понуди кои се прифатени од клубот и сега останува фудбалерот да одлучи каде сака да оди.

Но наместо за одлука, денеска пристигнуваат информации дека се зголемува бројот на заинтересирани клубови за Габриел.

Англиските медиуми пишуваат дека во трката се вклучува и Манчестер Јунајтед, а „Скај Спортс Франција“ тврди дека интерес има и од ПСЖ кој во Габриел гледа замена за Тијаго Силва.