24фудбал

Банега кон Конте: Дај да видам дали таа перика ти е вистинска! (ФОТО)

Во текот на мечот меѓу Интер и Севиља имаше жестока вербална пресметка меѓу Антонио Конте и Евер Банега.

Лига Европа

Во текот на првиот дел кога Конте протестираше кон судиите, се случи и вербален дуел со фудбалерот на Севиља, Евер Банега.

Конте додека беше фудбалер имаше сериозно опаѓање на косата, па Банега го праша дали му е вистинска оваа која ја носи сега.

„Ајде да видиме дали таа перика е вистинска“, му рече Банега.

А Конте возврати: „Ќе те чекам тука по мечот, важи? Ќе те чекам тука“.