24фудбал

Чеферин: Ќе размислиме фајнл-ејт турнирот да се игра и понатаму, овој начин е повозбудлив

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека фајнл-ејт турнирот во ЛШ и ЛЕ се покажал како одлична варијанта иако беше само принудно решение, тие ќе размислат на таков начин и понатаму да се завршуваат големите натпреварувања.

Лига на Шампиони

Вечерва се игра големото финале од Лигата на шампионите, во Лисабон ПСЖ и Баерн Минхен ќе се борат за големиот трофеј.

Во изминатиот период и во Лисабон и во Германија видовме возбудливи мечеви. Фактот што се игра по еден меч донесе помалку тактика, повеќе голови и возбудувања. УЕФА е свесна за тоа и доколку може планира да продолжи со овој формат.

„Морам да кажам дека овој систем со еден меч ми изгледа поинтересен отколку другиот систем со два меча“, вели Чеферин пред финалето меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

„Ова е една од интересните работи кои беа донесени поради оваа пандемија. Требаше да направиме ваков систем, требаше да играме на овој начин, но на крајот искочи дека е многу интересно“.

„Сега е комплицирано да вметнеме фајнл-ејт во календарот. Но видовме дека луѓето сакаат возбудливи натпревари, во еден меч секој може да го победи секој во Лигата на шампионите и Лига Европа“.

„Па ова е нешто што ќе се разгледува за иднина. Мислам дека во септември или октомври треба сериозно да зборуваме“.

Чеферин не мисли дека ако има помалку натпревари дека тоа негативно ќе се одрази финансиски.

„Дури и да имате помалку мечеви, вредноста може да се зголеми доколку го промовирате тоа правилно“.

„Гледам мои пријатели од фудбалот и надвор од фудбалот ми се јавуваат и ми пишуваат дека се екстремно возбудени за овој систем. Нема многу тактика“.