24фудбал

Флик прво ги разочара фановите на Ливерпул за Алкантара, а потоа рече дека се шегува (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен синоќа во финалето од Лигата на шампионите со 1-0 беше подобар од ПСЖ, а со тоа дојде до шестата титула во својата клупска историја во ова натпреварување.

Германија

Шефот на стручниот штаб на минхенски Баерн, Ханси Флик за момент се пошегува на сметка на ситуацијата со Тијаго Алкантара, првично тврдејќи дека шпанскиот фудбалер одлучил да остане во составот на „Баварците“, запрашан за мошне актуелната тема изминатиов период.

Се верува дека синоќешниот меч на кој Алкантара одигра 85 минути беше негов последен во дресот на Баерн Минхен, извесен период тој се поврзува со трансфер во Ливерпул, па запрашан за тоа дали мечот со ПСЖ беше последен за Алкантара за Баерн Минхен, Флик најпрво се пошегува.

Не, Тијаго ми рече дека останува“ рече Флик, а по неколку секунди сериозно лице кај него, дојде до насмевка од негова страна, по што даде попрецизна изјава на таа тема, околу тоа дека наводно тој веќе и се поздравил со фудбалерот.

Не, се шегувам, едноставно сакав да му заблагодарам, како и на другите фудбалери, не знам, веројатно ниту самиот тој знае, бидејќи ние сите бевме фокусирани на финалето од Лигата на шампионите, а сега треба да увидиме што доаѓа во периодот кој претстои“ додаде Флик.