24фудбал

Секоја чест за Ајакс, „лапнаа“ 260 милиони евра во период од 12 месеци за играчи за кои беа потрошени само 11 милиони евра

Клубот од Амстердам уште еднаш покажа дека умее да направи добар бизнис, со продажбата на Дони ван де Бек, Хаким Зијеш, Френки де Јонг и Матајс де Лихт ќе „лапне“ 260 милиони евра а за да ги купи потроши само 11 милиони евра.

Останато

Во сезоната 2018/19, Ајакс беше најпријатното изненадување во Лигата на шампиони, почна уште во второто коло од квалификациите и за малку не стигна до финале. Имаше неколку партии за паметења како таа кога надигра Реал среде Мадрид и го елиминираше, како и победата над Јувентус во Торино.

Па гигантите ширум Европа побрзаа да ги разграбаат ѕвездите на тој тим. Барселона прва повлече потег и го ангажираше Френки де Јонг за 75+11 милиони, Јувентус го купи Матајс де Лихт 75+10,5 милиони, Челси го донесе Хаким Зијеш за 40+4 милиони а Дони ван де Бек денеска потпиша за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 39+5 милиони.

Во период од 12 месеци, Ајакс „лапна“ речиси 260 милиони евра за четворица играчи за кои беа потрошени само 11 милиони евра и уште еднаш покажа дека умее да направи добар бизнис.

И тие 11 милиони евра се платени само за Хаким Зијеш. Дони ван де Бек и Матајс де Лихт се продукт на школата а Френки де Јонг како млад е донесен за симобилична сума од 1 евро (на Вилем втори му следуваа и 10% од следниот трансфер, односно помеѓу 7,5 и 8,5 милиони евра за преселбата на играчот на Камп Ноу).

Дури и да не бидат исплатени сите бонуси и плус да се одбие сумата што му следува на Вилем втори, во касата на Ајакс ќе легнат 221,5 милиони евра, па треба да им се честита на сите, од скаути до тренери и директори.