24фудбал

Шпанија во 96. минута се спаси од пораз од Германија (ВИДЕО)

Во дербито во Лигата на нации, Германија и Шпанија одиграа 1-1, Шпанците до ремито дојдоа буквално пред последниот свиреж на судијата.

Останато

Резултатот во Штутгарт го отвори Тимо Вернер со гол во 51. минута од натпреварот. Германците долго време го држеа водството и се чинеше дека со тој резултат и ќе заврши мечот.

Но иако судијата покажа четири минути продолжува, Шпанија доби уште некоја гратис и ја искористи, буквално пред последниот свиреж на судијата Гаја погоди за конечни 1-1.

Во Лига А се одигра и мечот меѓу Украина и Швајцарија кој Украинците го добија со 2-1.

Во Лига Б, Русија со 3-1 ја совлада Србија, сите четири гола беа дадени во второто полувреме.

Дзуба даде два гола за Русите, еден беше дело на Караваев, погодокот за Србија беше дело на Александар Митровиќ.

Бугарија и Ирска одиграа реми 1-1, Велс со 1-0 славеше кај Финска, со истиот резултат Унгарија победи во Турција.

Во Лига Ц, Косово одигра реми на гостувањето кај Молдавија, немаше голови на дуелот меѓу Словенија и Грција.

Во најслабата, лига Д, Фарските Острови со 3-2 ја победија Малта, Летонија и Андора одиграа 0-0.