24фудбал

Јаја Туре исфрлен од хуманитарен натпревар, се понудил да ангажира 19 проститутки

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити е исфрлен од хуманитарен натпревар откако споделил порнографско видео во ВатсАп групата, а потоа се понудил да ангажира 19 проститутки.

Останато

Во недела на Олд Трафорд ќе се одигра хуманитарниот натпревар „Сокер ејд“, а дел од мечот требаше да биде и Јаја Туре. Сепак, поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити е исфрлен од тимот.

Како што пренесуваат медиумите од Англиија, Јаја Туре во ВатсАп групата со соиграчите споделил порнографско видео, односно гола девојка во бања. Тој потоа се понудил да ангажира 19 проституки.

На дел од членовите на групата не им се допаднало ваквото однесување, го пријавиле играчот од БСК до организаторите, кои реагирале веднаш и го избркале фудбалерот од средниот ред.

Јаја Туре се огласи на социјалните мрежи, објасни дека сакал само да се пошегува и се извини за своето однесување.