24фудбал

Во ПСЖ од медиумите дознале дека Мбапе е позитивен на коронавирус: Ова е неприфатливо!

Во ПСЖ се бесни на однесувањето на Фудбалската федерација на Франција откако од медиумите дознале дека Килијан Мбапе е заразен со ковид-19.

Франција

„Светците“ остана без уште една ѕвезда за отварањето на новата сезона во Лига 1, Килијан Мбапе ќе мора во карантин. Како дел од протоколите на УЕФА, напаѓачот бил тестиран пред дуелот со Хрватска во Лигата на Нации, резултатот бил позитивни, па тој го напуштил кампот на „триколорите“ и заминал дома.

Сепак, никој од федерацијата не го известил ПСЖ за новонастаната ситуација, па Леонардо „распали“ по ФФФ.

„Ова е неприфатлово, од медиумите да дознаеме дека имаме позитивен фудбалер. Објавија соопштение, го испратија играчот дома, а нас заборавија да не известат! Никој од федерацијата не ни се јави. Повторувам, ова е неприфатливо. Покажаа непочитување кон нас. Моравме да му се јавиме на Килијан Мбапе за да дознаеме повеќе“ – вели спортскиот директор Леонардо.

ПСЖ во своите редови веќе има шест фудбалери заразени со ковид-19 (Нејмар, Ди Мариа, Паредес, Икарди, Маркињос и Навас) сите вирусот го закачиле на одмор на Ибица.