24фудбал

Македонија У21 ја оствари целта, освоени се трите бода од Фарските острови за второ место

Македонската фудбалска репрезентација до 21 со победа се враќа од Фарските Острови, триумфиравме со 2-1 и се искачивме на втората позиција во групата со меч повеќе од Израел.

Македонија

Македонските надежи ја остварија целта, се враќаат со трите бода од гостувањето кај Фарските Острови.

Селекцијата на Благоја Милевски беше подобар противник од врсниците од Фарските Острови и заслужено дојде до победата.

Поведовме уште во 16. минута кога по едно додавање од Даци, Ристовски од втор обид успеа да постигне убав гол за водство од 1-0.

Тој резултат беше акутелен до 80. минута кога Ацковски само шест минути откако влезе во игра постигна гол за предност од 2-0.

Четири минути подоцна Фарските Острови преку Кнудсен намалија на 2-1 и го поставија конечниот резултат.

Со овој триумф Македонија се искачи на втората позиција на табелата со десет бода, но Израел кој има два бода помалку од 18:40 игра против Казакстан и со победа ќе не врати на третото место.