24фудбал

Јани Атанасов е нов фудбалер на Хајдук (ФОТО)

Македонскиот младински репрезентативец, Јани Атанасов стави потпис на договор со хрватскиот гигант Хајдук.

Македонија

По раскинувањето на договорот со Бурсаспор, Јани Атанасов остана без клуб, сега тој како слободен играч преминува во Хајдук со кој потпиша тригодишен договор.

„Јани Атанасов е нов играч на Хајдук, 20-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша договор на три години и ќе го носи дресот со број 20“, стои во соопштението на Хјадук.