24фудбал

Башакшехир го претстави Рафаел како нинџа желка (ВИДЕО)

Рафаел и Лион спогодбено се договорија за предвремено раскинување на договорот кој инаку имаше важност до идното лето, а од Истанбул Башакшехир брзо реагираа.

Останато

Турскиот првак Истанбул Башакшехир го претстави 30 годишниот бек Рафаел на еден мошне интересен начин, откако Бразилецот излезе на арената како нинџа желка.

Рафаел се пресели во редовите на турскиот шампион како слободен играч на трансфер пазарот, а за Истанбул Башакшехир потпиша тригодишен договор.


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед мина пет сезони во дресот на Лион, каде запиша 139 настапи, а постигна два погодоци, летово јасно им порача на челниците на францускиот прволигаш дека посакува нов предизвик во својата кариера каде би имал гарантирано место во тимот.