24фудбал

„Чувствувам голема вина за оваа огромна грешка, жал ми е за девојката на Фоден“

Гринвуд и Фоден беа казнети парично со по 1,360 фунти, исфрлени се од репрезентацијата по одлуката на селекторот Герет Саутгејт, а дополнително беа жестоко критикувани за нивните постапки од страна на нивните клубови, Манчестер јунајтед, односно Манчестер Сити.

Останато

Една од двете девојки од Исланд која беше на дружба заедно со својата братучетка со двоецот од репрезентацијата на Англија, Мејсон Гринвуд и Фил Фоден призна дека таа го објавила видеото на социјалните мрежи на кое јасно се увиде средбата во хотелот каде беа сместени репрезентативгците, опишувајќи го тој потег како огромна грешка.

Студентката по право, 19 годишната Лара Клаусен освен што објави видео на социјалните мрежи како ја договараат средбата со фудбалските ѕвезди, дополнително објави и видео со Гринвуд и Фоден од хотелската соба, во нејзино друштво беше и 20 годишната манекенка Надиа Сиф Линдал Гунарсдотир, таа немала претстава за тоа колку бил познат двоецот фудбалери.

Искрено, немав никаква претстава за тоа колку се познати овие момци, не следам фудбал, во тие моменти немав никаква претстава што објавувам на интернет, сега треба да извлечам поука од сево ова од потешкиот начин, а главното е дека не треба седа се објавува, треба да бидете внимателни“ вели Лара која потоа ја презеде вината за објавеното видео од хотелската соба на кое се видоа токму Гринвуд и Фоден..

Видеото го објавив на приватно стори на мојот Снапчат, сметав дека нема да отиде подалеку од ова, немав никаква претстава кои се овие момци, колку се познати, а за да одговорам на главното прашање, јас тум таа која е виновна за целата оваа ситуација, сево ова беше огромна грешка“ додава таам по што изрази посебно жалење за долгогодишната девојка на Фоден кој има и син од ѕвездата на Манчестер Сити.

Воопшто не се запрашавме дали се во карантин, доколку подобро ја познававме ситуацијата, сигурно не би го сториле тоа, многумина ми испратија пораки на социјалните мрежи дека Фоден имал девојка и дете, не знаев за ова, не проверувам на интернет за особата со која ќе се сретнам, сочувствувам со неговото семејство, неговата девојка, соиграчите исто така, како и него лично“ заклучи Лара за исландски „ДВ“, а што се однесува пак до Надиа, таа започнала да разговара на социјалните мрежи со Гринвуд неколку дена пред „Гордиот албион“ да замине во Исланд на мечот од Лигата на нации.

Фоден на социјалните мрежи упати извинување за скандалот, а Гринвуд иако го деактивираше твитер профилот, тоа го стори во изјава на клупскиот сајт на Манчестер јунајтед, со порака во која укажа дека е свесен дека ги прекршил мерките и препораките за заштита од Ковид-19, но и дека ова е голем срам кој тој го предизвикал.



Фото-вест: Лара, Исланѓанката која е интервјуирана (десно), а лево е нејзината братучетка маникенка Надиа