24фудбал

Давид Алаба побарал 125 милиони за да остане верен на Баерн!

Давид Алаба и Баерн Минхен се далеку од согласност за продолжување на соработката, дефанзивецот побарал 125 милиони евра за да остане верен, односно петгодишен договор и плата од 25 милиони евра по сезона.

Германија

Репрезентативецот на Австрија има уште десет месеци од актуелниот договор, подолго време се водат преговори за продолжување на соработката но двете страни се далеку од постигнување согласност.

Според денешното издание на Кикер, Давид Алаба побарал 125 милиони евра за да остане верен, односно петгодишен договор и плата од 25 милиони евра по сезона.

Билд синоќа пренесе дека Баерн Минхен на дефанзивецот му нуди плата од 11 милиони евра, која со бонуси ќе достигне 17 милиони евра, додека пак играчот и неговиот агент инсистираат основната плата да биде 20 милиони евра.