24фудбал

Ковид-19 го преполови тимот на ПСЖ и му направи услуга на Ленс кој победи и освои три бода

Половина тим на ПСЖ е во аут поради тоа што е заразен од коронавирус, а тоа ги чинеше пораз на гостувањето кај Ленс на стартот од сезоната.

Франција

Играчите на ПСЖ кои се забавуваа на Ибица се заразија со коронавирус, па Тухел денеска не можеше да смета на Нејмар, Мбапе, Навас, Икарди, Ди Марија, Мркињос и Паредес. Сите тие се во изолација.

Оние кои настапија не можеа да се носат ниту со Ленс.

Мечот беше решен во 57. минута кога по една огромна грешка на голманот на ПСЖ, Булка, Ганаго постигна гол за победа на Ленс од 1-0.

За три дена ПСЖ треба да го игра големото дерби со Марсеј, а Тухел веројатно и тогаш нема да може да смета на истите играчи.