24фудбал

Нејмар му одговори на Гонзалез: Биди маж, признај што ми кажа!

Нејмар е убеден дека бил навреден на расна основа, напаѓачот на ПСЖ го повика Алваро Гонзалез од Марсеј да биде маж и да признае со какви зборови му се обратил.

Франција

Бразилецот беше еден од петмината фудбалери кои беа исклучени во завршните мигови од дербито помеѓу ПСЖ и Марсеј на „Паркот на принцовите“. На пат кон соблекувалната, Нејмар на четвртиот судија му се пожали дека бил навреден на расна основа, а потоа истото го повтори и на социјалните мрежи.

Алваро Гонзалез негираше дека упатил расистички навреди и порача дека Нејмар треба да научи да губи.

Ѕвездата на ПСЖ останува на својот став, му одговори на дефанзивецот на Марсеј и го повика да биде маж и да признае со какви зборови му се обратил.

„Не си маж чим одбиваш да признаеш дека погреши. Да, поразот е дел од спортот, но нема место за расистички навреди. Затоа не те почитувам! Немаш карактер! Признај што ми кажа.... биди маж! Расист“ - гласеше објавата на Нејмар.