24фудбал

Навистина се случува: Навивачите на Лидс во исчекување на големо засилување (ФОТО)

Во најава е големо засилување за Лидс во средината, самиот фудбалер за кого неговиот клуб бара 37 милиони фунти имаше реакција на социјалните мрежи со што потврди таков можен исход, но брзо ја повлече истата.

Англија

Одличниот плејмејкер од составот на Удинезе, 26 годишниот Родриго Де Пол не крие дека посакува трансфер во редовите на Лидс, за што Аргентинецот ги израдува навивачите на клубот од „Еланд роуд“ со својот потег на социјалните мрежи, иако брзо потоа ја избриша својата реакција.

Веќе извесен период плејмејкерот се поврзува со можна соработка со својот сонародник, инаку тренер на Лидс, Марсело Биелса, а старо-новиот Премиерлигаш остави фантастичен впечаток во воведното коло на гости кај шампионот Ливерпул каде загуби со 4-3.

Се чини дека Де Пол посакува трансфер, сега преостанува на клубовите, стоеше на објавата на „Сквар Бол“, по што Аргентинецот возврати со потврден одговор, за брзо потоа да ја избрише таа реакција, но, не толку брзо за да не стигне и до медиумите на Островот.

Што се однесува до желбата на Биелса да го доведе Де Пол во Лидс, таа желба го чини Премиерлигашот 37 милиони фунти, онолку колку што бара Удинезе за својот фудбалер кој има важечки договор до 2024. година.