24фудбал

Баерн Минхен се враќа во игра за Хадсон-Одои, Јувентус и Лајпциг под будно око ја следат ситуацијата

Крилниот напаѓач на Челси не е во првичните планови на Франк Лампард, меѓутоа логично е Челси да не се откаже од неговите услуги толку лесно, младиот Англичанец има договор до 2024. година.

Германија

Шампионот на Германија го посакуваше Калум Хадсон-Одои како засилување во јануари ланската година, меѓутоа до трансфер не дојде, а крилниот напаѓач потпиша нов договор, а сега Баерн Минхен го реактивира интересот за него и подготвува нова понуда до Челси.

Во јануари ланската година понудата на Баварците изнесуваше 40 милиони фунти, истата категорично беше одбиена од Челси, но, сега е сосема поинаква ситуацијата, ако се земе во предвид дека Премиерлигашот има голем избор на таа позиција, па речиси и воопшто да нема место за 19 годишниот фудбалер.

Како и да е, „Скај Спортс Германија“ известува дека од Баерн Минхен не се откажале од желбата да го ангажираат Хадсон-Одои, па сега во германскиот првак подготвуваат нова понуда за крилниот напаѓач.

Се верува дека Баерн Минхен се уште не стапил во контакт со Челси, а тоа веќе е сторено со агентите на фудбалерот, понудата би била позајмица со можност за целосен откуп на договорот на фудбалерот, за кого интерес пријавуваат уште Јувентус и Лајпциг.