24фудбал

Лион: Барселона нема пари да го купи Депај

Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола вели дека разговарал со својот колега од таборот на Барселона и добил информација дека „каталонците“ во моментов не можат да достават понуда за Мемфис Депај.

Франција

Медиумите од Холандија денеска го најавија Мемфис Депај како засилување за Роналд Куман. Се пишуваше дека Барса и Лион договориле трансфер од 30 милиони евра и напаѓачот до крајот на неделата ќе стане нов член на „каталонците“.

Сепак, неколку извори подоцна објавија дека се уште нема договор, а вечерва, гласините ги прокоментира и првиот човек на Лион, кој се огласи на Твитер.

„Претседателот на Барса во неделата ми кажа дека Барса е погодена многу од коронавирус кризата и во моментов невозможно е да достават понуда“ - гласеше пораката на Жан Мишел Ола заедно со веста во која се вели дека Мемфис Депај оди во Барса за 30 милиони евра.