24фудбал

Мемфис Депај не бил прва желба на Роналд Куман, Холанѓанецот побарал од Барса да го купи Ромелу Лукаку

Мемфис Депај се најавува како нова 9-ка за Роналд Куман, но последните информации велат дека фудбалерот на Лион е планот Б, прва желба на тренерот на Барселона бил Ромелу Лукаку од Интер.

Шпанија

Роналд Куман по пристигнувањето на Камп Ноу веднаш го извести Луис Суарез дека не смета на неговите услуги и дека треба да си бара нов клуб. Мемфис Депај беше идентификуван како наследник на Уругваецот, вчера се говореше дека паднал договор, но потоа пристигна демант.

Од таборот на Лион соопштија дека во моментов нема понуда на маса бидејќи Барселона нема пари да го купи Холанѓанецот.

Роналд Куман не губи надеж и вели: „Прво мора да продадеме некои играчи па потоа ќе го купиме Депај“.

Медиумите од Шпанија пак пишуваат дека Мемфис Депај е планот Б, прва желба на Роналд Куман бил Ромелу Лукаку.

Кога стратегот разговарал со раководството на Барселона за настапот на трансфер пазарот, предложил да биде купен напаѓачот на Интер, со кого има соработувано една сезона во Евертон. Луѓето на Камп Ноу задолежни за спортскиот дел го земале во предвид ова барање, но го известиле Холанѓанецот дека не можат да си дозволат еден ваков трансфер порди намалените приходи и коронавирус кризата.