24фудбал

Црвена звезда и Динамо Загреб нема да играат во Лигата на шампионите

Црвена звезда на пенали загуби на гостувањето кај Омонија, резултатот по 120 минути беше 1-1, Динамо Загреб беше поразен кај Ференцварош со 2-1.

Лига на Шампиони

Црвена звезда и Динамо Загреб се елиминирани во квалификациите за групната фаза од Лигата на шампионите.

Белградскиот тим на пенали беше поразен од Омонија. Домаќините поведоа со гол на Луфтнер во 31. минута, а во судиското продолжение од првото полувреме Звезда со гол на Иваниќ со глава изедначи на 1-1.

До крајот на мечот и двете екипи имаа свои шанси, но немаше нов погодок и по двете продолженија од по 15 минути па пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата домаќинот ги реализираше сите свои шутеви, а за Црвена звезда промашија Филчинели и Дегенек.

И Динамо Загреб нема да ја види групната фаза од Лигата на шампионите откако со 2-1 загуби на гостувањето кај Ференцварош.

Домаќините поведоа уште во втората минута со гол на Ловренчич, но Динамо израмни 20 минути подоцна со автогол на Узуни. Сепак истиот играч се извади за автоголот откако го постигна победничкиот тим за Ференцварош во 65. минута.

Аријан Адеми го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб.