24фудбал

Хајдук со еден гол ја исфрли Ренова од Европа (ВИДЕО)

Ренова храбро се бореше против Хајдук, имаше и шанси и иницијатива, но сплитскиот тим со еден рано постигнат погодок дојде до победа и до пласман во следното квалификациско коло за Лига Европа.

Лига Европа

Ренова го заврши настапот во Европа за оваа сезона откако во Скопје беше поразена од Хајдук со 1-0.

Тетовскиот тим изгледаше уплашено на стартот од мечот, тоа ја чинеше примен погодок уште во четвртата минута кога Цакташ погоди со глава за водство на Хајдук од 1-0.


Како одминуваше натпреварот Ренова се стабилизираше, тетовскиот тим особено во вториот дел ја имаше иницијативата и главно се играше на половината на Хајдук.

Хрватскиот тим се повлече и преку контра напади ја бараше шансата за втор погодок.

Во една таква игра и двете екипи имаа свои шанси за гол, но втор погодок на натпреварот немаше.

Хајдук слави пласман во следното коло каде ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нефчи Баку и Галатасарај. Ренова може да се фокусира на домашните обврски.

Фото: ФК Хајдук