24фудбал

Локо Пловдив со финти како од селска лига, Мурињо откри зошто бил покажан вториот жолт картон

Локо Пловдив беше на пат да приреди големо изненадување против Тотнем, но сонот на домаќините се сруши во неколку минути кога беа покажани два црвени картони и досуден пенал.

Лига Европа

Гигантот од Англија беше голем фаворит на гостувањето во Бугарија, но избранциите на Жозе Мурињо добро се намачија за да победат и да се пласираат во третото коло од квалификациите во Лига Европа.

Локо Пловдив поведе со 1-0, но сонот на домаќините се сруши во неколку минути. По еден корнер настана мешаница а топката од гол линија со рака ја расчисти еден фудбалер па беше покажан црвен картон и досудена најстрога казна.

Додека Хари Кејн се обидуваше да го изведе пеналот, судијата извади жолт картон за Карагарен, негов втор на мечот, па и тој беше испратен во соблекувална. Напаѓачот на Тотнем погоди за 1-1, а со двајца играчи повеќе, за пет минути Ндомбеле реализираше за пресврт и триумф од 1-2.

По крајот на натпреварот, Жозе Мурињо откри зошто бил покажан вториот жолт картон, Карагарен копал дупка на белата точка со намера да му ја отежни задачата на Хари Кејн.

„Еден од играчите со стапалото копаше дупка на белата точка па доби втор жолт картон“ – вели Португалецот за финтата на Карагарен која е како од селските лиги.