24фудбал

Барселона мисли дека заврши со Сетиен, но не мисли така и тренерот (ФОТО)

Кике Сетиен ќе ја носи Барселона на суд поради непочитување на условите во договорот кој беше потпишан помеѓу обете страни во јануари, претстои правна разврска за овој случај кој дефинитивно ќе придонесе за нови проблеми за Каталонците.

Шпанија

Барселона се соочува со тужба од страна на Кике Сетиен, откако поранешниот тренер на Каталонците беше отпуштен минатиот месец, а на негово место дојде холандскиот стратег Роналд Куман.

Поранешниот тренер на Бетис индицира на тоа дека Барселона не му понудила никаква компензација и наведе дека клубот од Камп Ноу не ги исполнил условите од договорот кој беше потпишан во јануари годинава.

Во соопштението кое Сетиен го објави на социјалните мрежи, од негово име, како и неговите соработници Едер Сарабија, Жон Паскуа и Фран Сото, се тврди дека сите четворица добиле писмена потврда за нивните откази дури оваа седмица во средата.

Сетиен во писмото тврди дека првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу никогаш не разговарал со него околу условите на отказот, добил само писмена потврда за отказот, без ниту еден збор за спогодба за предвремено раскинување на договорот, така, тој и неговите соработници сега ќе ја бараат правдата на суд.