24фудбал

Тешка победа на Арсенал, Нкетија во финишот донесе победа против Вест Хем (ВИДЕО)

Арсенал со 2-1 го победи Вест Хем во лондонскиот дуел, топчиите не блескаа, со гол во финишот дојдоа до втората победа во Премиерлигата оваа сезона.

Англија

Вест Хем во најмала рака беше рамноправен противник на Арсенал, можеби и создаде повеќе можности, но на крајот топчиите ги освоија планираните три бода.

Натпреварот почна добро за Арсенал, во 25. минута по асистенција од Обамејанг, Лаказет со глава постигна гол за водство од 1-0.

Во текот на првиот дел во шеснаесетникот имаше очигледно играње со рака на Габриел, но нејасно е зошто судиите не покажаа пенал за Вест Хем.

Пред самиот крај на првото полувреме Антонио го изедначи резултатот на 1-1.

Во вториот дел Вест Хем имаше позрели шанси, Арсенал изгледаше како да нема идеја во нападот, но доволно беше само една добра акција за мечот да го решат во своја полза.

Во 86. минута Себаљос несебично асистираше до Нкетија кој погоди за победа на Арсенал од 2-1.