24фудбал

Пирло тргна со победа, деби гол на Кулушевски по само 13. минути игра (ВИДЕО)

Ерата на Андреа Пирло на кормилото на Јувентус започна со победа, „старата дама“ вечерва рутински со 3-0 ја доби пресметката против Сампдорија.

Италија

Андреа Пирло имаше успешно деби на клупата на Јувентус, неговите избраници без многу проблеми ја совладаа Сампдорија. „Старата дама“ поведе во 13. минута, еден неуспешен дриблинг на Кристијано Роналдо се претвори во перфектна асистенција за Дејан Кулушевски, кој прецизно пласираше по земја за 1-0.

За вториот гол се чекаше долго, мрежата на гостите по втор пат беше затресена дури во 79. минута. По еден корнер, одбраната на Сампдорија реагираше лошо, Меккени од пет метри биеше право во голманот, но Бунучи прв дојде до одбиената топка и реализираше за 2-0.

Во последните минути од мечот, Роналдо ги постави конечните 3-0.