24фудбал

Реал одигра без голови кај Сосиедад, најдобрата шанса ја имаше Бензема но шутна само во аут (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја започна одбраната на титулата во Шпанија со реми без голови на гостувањето кај Реал Сосиедад, најдобрата шанса за гостите ја имаше Карим Бензема но неговиот обид заврши во аут.

Шпанија

„Кралевите“ се враќаат од Сан Себастијан само со бод, Реал Сосиедад се покажа како тврд орев. Во натпревар со малку шанси, Карим Бензема ја имаше најдобрата прилика за гостите, Французнот реши да го помине голманот, но отиде косо, си го скрати аголот па неговиот обид заврши во аут.

На спротивната страна, во финишот на првиот дел, Исак се најде очи во очи со Тибо Куртоа, но голамнот на Реал Мадрид извонредно се постави и ја сочува својата мрежа.

На стартот од вториот дел, солидна шанса имаше и Баранечеа, но неговиот волеј заврши крај голот.