24фудбал

Бејл: Ќе биде возбудливо играњето со Кејн и Сон во нападот

Со доаѓањето на Герет Бејл, Тотнем ќе има еден од највозбудливите напади во фудбалскиот свет во моментов, а како тој ќе функционира ќе видиме кога Велшанецот ќе почне да игра.

Англија

Бејл вели и дека Мурињо бил една од главните причини поради кои се вратил во Тотнем.

„Мурињо зборуваше со мене за неколку позиции на кои сака да играм и јасно е дека сум среќен со тоа. Тој е голема причина поради која се вратив, тој е победник. Перфектно одговара со Тотнем. Потребно ни е да освојуваме трофеи и тој знае да го прави тоа подобро од било кој друг“, вели Герет Бејл.

„Хери Кејн игра неверојатно добро откако излезе на сцената и постигна многу голови. Играњето со него и со Сон ќе биде возбудливо за сите нас. Ако сите се движиме во ист правец ќе биде многу возбудлива сезона“.

Дебито на Бејл за Тотнем се очекува да се случи во средината на октомври поради повреда заработена на коленото во настапот за селекцијата со Велс.

Тој нема да биде подготвен за дуелот со Шкендија од Лига Европа и натпреварите на Тотнем против Њукасл и Манчестер јунајтед во Премиерлигата, потоа следува паузата за репрезентации и се очекува неговиот прв меч да биде на 17. октомври против Вест Хем.