24фудбал

Италијански судија и неговата девојка избодени до смрт

Италијанската спортска јавност е шокирана од бруталното убиство на фудбалскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка.

Италија

33 годишниот фудбалски судија Даниеле Де Сантис и неговата девојка, 30 годишната Елеонора Манта, синоќа биле избодени до смрт.

Инцидентот се случил во домот на Даниеле Де Сантис во Лече, соседите слушнале расправија и вресоци, а потоа го виделе убиецот како бега од местото на злосторството со нож во рака.

Даниеле Де Сантис главно делел правда на натпревари од третата фудбалска лига на Италија, има и еден меч во Серија Б, како четврти судија на пресметката помеѓу Пиза и Беневенто.