24фудбал

Нејмар може да добие 10 меча суспензија, иста казна му се заканува и на Алваро!

ПСЖ може со месеци да биде без својата прва ѕвезда, Нејмар може да добие 10 натпревари суспензија за хомофобија а иста казна може да добие и Алваро Гонзалес за навреди на расна основа.

Франција

ЛФП минатата недела ги соопшти казните за инциденетот по крајот на мечот помеѓу ПСЖ и Марсеј кога беа доделени пет црвени картони. Лајвин Курзава доби шест натпревари суспензија, Жордан Амави доби три натпревари, Лендро Паредес доби два натпревари (плус еден условен), Нејмар доби два натпревари (плус еден условен), а Дарио Бенедето доби еден натпревар.

Сепак, дисциплинската комисија продолжува со истрага и под лупа е вербалната војна помеѓу Нејмар и Алваро Гонзалез. Се разгледуваат снимки од различни агли и различни ТВ куќи, се бара помош од експерти кои читаат од усни за да се добие подобра претстава што се случувало на теренот.

Според „Л’Екип“, Нејмар и Алваро Гонзалес можат да добијат по десет натпревари суспензија.

Бразилецот наводно го употребил сленгот „pédé“ (педер) па може да добие драконска казна поради хомофобија. Шпанецот пак при навредите кон Нејмар го употребил и зборот „мајмун“, навреда на расна основа, па и на него му се заканува долга пауза од терените.