24фудбал

Вардар тешко, дури по пенали се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија

Вардар по подобро изведување на пенали го победи Вардар Форино за пласман во следното коло од Купот на Македонија, резултатот во регуларниот дел беше 2-2.

Македонија

Вардар ја оствари целта, се пласираше во осминафиналето, но тоа го направи потешко од очекувањата, дури по изведувањето на пенали.

Македонскиот шампион дојде во водство со гол на Дејан Блажевски од пенал во 37. минута, а во вториот дел преку Петковски зголеми и на 2-0.

Но Вардар Форино за само две минути успеа да постигне два гола, во 71 и 73. минута, израмни на 2-2 што беше и конечен резултат. Пеналите го решаваа победникот.

По дури 18 изведени пенали, Вардар успеа да победи и да се пласира во осминафиналето од купот.