24фудбал

Чалханоглу со два прекрасни гола и мајсторска асистенција го предводеше Милан до пласман во плеј-офот од ЛЕ (ВИДЕО)

Милан со 3-2 го совлада Бодо/Глимт и се пласираше во плеј-офот од Лига Европа, Хакан Чалханоглу го одбележа мечот со два прекрасни гола и мајсторска асистенција.

Лига Европа

Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, кој денеска дозна дека е заразен со ковид-19, Хакан Чалханоглу се наметна кај „росонерите“ и го предводеше Милан до триумф од 3-2 над Бодо/Глимт и пласман во плеј-офот од Лига Европа.

Гостите поведоа во 15. минута, по една убава акција, Јункер го совлада Донарума за 0-1. Сепак во следниот напад, домаќините изендачија. Чалханоглу прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-1.

Во 32. минута, Чалханоглу мајсторски со пета ја протна топката на подалечната статива каде осамениот Коломбо ја затресе мреата на гостите за 2-1.

На стартот од вториот дел, Кастиљехо изведе корнер од десната страна а Чалханоглу со волеј во долниот агол зголеми на 3-1.

Пет минути подоцна, Хауге испрати проектил од далечина и намали на 3-2 но тоа беше се што сторија гостите.