24фудбал

Шалке го изгуби сето трпение, му врачи отказ на Вагнер

Давид Вагнер веќе не е тренер на Шалке, откако клубот одлучи да го отпушти по поразите од Баерн Минхен и Вердер Бренем кои се надоврзаа на очајниот финиш на минатата сезона.

Германија

Шалке во првото коло загуби од Баерн Минхен со неверојатни 8-0, а синоќа беа поразени од Вердер Бремен со 3-1.

Претходно тимот на Давид Вагнер беше во катастрофална серија, под негово водство на последните 18 мечеви Шалке нема победа, има шест нерешени и дури 12 порази.

Заедно со Вагнер отказ добија и неговите асистенти, Кристоф Булер и Френк Фролинг.