24фудбал

Роналдо: Ова може да се покаже како важен бод, мислам дека имаме светла иднина

Кристијано Роналдо е задоволен од бодот против Рома со оглед на тоа што се случуваше на теренот, вели дека е потребно време, но смета дека иднината на Јуве е светла.

Италија

Јувентус два пати беше во негатива, Роналдо постигнуваше голови за израмнување. Шампионот при негатива од 2-1 имаше и играч помалку, но успеа да дојде до бод.

„Мислам дека го заработивме овој бод. До него дојдовме во комплицирана ситуација во која влеговме, имавме и црвен картон, на крајот од сезоната ова може да се покаже како важен бод“, вели Роналдо за Скај Спортс Италија.

„На стартот од сезоната сме, имаме нов тренер, нови идеи, но гледам дека тимот работи добро, ентузијастички и мислам дека имаме светла иднина“.

„Она што го гледам е дека фудбалерите работат со насмевка“.