24фудбал

Игуаин имаше деби за Интер Мајами кое брзо ќе сака да го заборави, промаши пенал па ќе се тепаше со противниците (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин имаше неславно деби за тимот на Дејвид Бекам, најголемата ѕвезда на Интер Мајами беше далеку од импресивен.

Останато

Интер Мајами загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Филаделфија Унион.

Игуаин имаше шанса да дебитира со гол, но беше многу непрецизен од белата точка. Противничките играчи некоректно тргнаа да му се смеат во лице за промашувањето по што тој влезе во жесток вербален дуел со нив.