24фудбал

Официјално: Манчестер Сити го купи Рубен Диас од Бенфика за 71,6 милиони евра и продаде еден фудбалер на португалскиот клуб

Бенфика потврди дека постигнале договор со Манчестер Сити за продажба на Рубен Диас, во спротивен правец оди Николас Отаменди.

Англија

Бенфика и Манчестер Сити си подадоа рака. Португалскиот клуб информираше дека е постигнат договор и ги објави деталите.

Манчестер Сити ќе плати 68 милиони евра плус дополнителни 3,6 милиони евра во бонуси.

Фудбалерот треба да ги помине медицинските тестови, да ги договори личните услови со Сити и да го комплетира трансферот. Сето ова се очекува да биде формалност.

Како независен трансфер од претходниот, централниот дефанзивец, Николас Отаменди од Манчестер Сити се сели во Бенфика за сума од 15 милиони евра.