24фудбал

Барса е веќе минато за Суарез: Понекогаш промената е повеќе од потребна

Искусниот уругвајски напаѓач уште еднаш покажа што знае и умее, откако на одличен начин го забележа своето деби во новиот клуб за кого потпиша двегодишен договор.

Шпанија

Атлетико Мадрид во целост ја оправда фаворитската улога во дуелот против Гранада на домашен терен и обезбеди убедлива победа од 6-1, а на вчерашниот меч во рамките на 3. коло од Примера деби за „Јорганџиите“ забележа Луис Суарез.

Екс членот на Барселона во игра на мечот влезе во 70. минута, а постигна два гола и една асистенција, со што на одличен начин го заокружи својот дебитантски настап.

За еден фудбалер, понекогаш е од исклучително значење да се направи промена“ изјави Суарез по одличното деби.

Дојдов во клуб кој ми приреди спектакуларно добредојде, брзо се чувствува атмосферата тука, добивате големи импресии уште од стартот, а тоа се гледа и на самите терени“ додаде Уругваецот.

Среќен сум по моето деби а дури и посреќен поради фактот што тимот ги освои посакуваните три бода“ заклучи 33 годишниот напаѓач кој од новиот тренер на Барселона, Роналд Куман директно му беше посочено дека за него нема иднина во тимот на Каталонците.